Во плеј-офот од НБА лигата имината ноќ беа одиграни два натпревари.
Кливленд поведе со 1:0 во серијата од ¼ финалето и тоа со „брејк“ и победа после продолженијата (112:113)
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Торонто беше тимот кој во текот на целиот натпревар имаше предност, во еден момент истата одеше и до +14. Кливленд повеќе пати стигнуваше на заостанување од четири или пет поени.
На три минути до крајот Кавси стигнаа на само еден поен заостанување. Во тие минути неколку зицери промашија и двете екипи, па резултатот не се менуваше цела минута.
Кливленд во последните 19 секунди имаше и нова прилика да стигне прв пат до водство и да победи. Џејмс прво изедначи (прв пат на натпреварот), а потоа останаа шест десетинки се обидоа со тајм-аут, Леброн не погоди, па натпреварот отиде во продолженија.
Тука Кавси на стартот за прв во натпреварот стигнаа до водство и тоа со тројката Кајл Корвер. Во продолжението Торонто беше тимот кој бркаше заостанување. Пред самиот крај и предност на Кливленд од еден поен, Торонто преку Ванвилт имаше прилика да стигне до пресврт и победа, но тој не успеа да погоди.
Леброн Џејмс беше најдобриот играч со нов трипл-дабл 26 поени, 11 скокови и 13 асистенции, Џејар Смит го следеше со 20 поени, Кајл Корвер постигна 19.
Демар Дерожан уфрли 22 поени, а Јонас Валанчиунас забележа дабл-дабл со 21 поен и исто толку скокови. Кајл Лаури постигна 18 поени и запиша 10 асистенции.
Следниот натпревар се игра на 4-ти мај.
Голден Стејт стигна до победа и предност од 2:0 во серијата против Њу Орлеанс 121:116.
Вориорсите во овој натпревар конечно можеа да сметаат на Стеф Кари и до победата во вториот меч стигнаа пред своите на навивачи.
Опоравениот Стеф Кари на паркетот помина 27 минути и постигна 28 поени, додаде две асистенции, три украдени топки и седум скокови. Најефикасен во редовите на актуелниот шампион беше Кевин Дурант со 29 поени, Дејмонд Грин забележа дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции, а еден скок го делеше од трипл-дабл.
Кај Њу Орлеанс најдобар беше Ентони Дејвис кој постигна 25 поени и имаше 15 скокови, поен помалку додаде Џру Холидеј кој имаше и по осум асистенции и скокови. Рондо додаде 22 поени, а Никола Миротиќ уфрли 18 поени и запиша девет скокови.
Третиот натпревар се игра на 5 мај, а домаќин ќе биде Њу Орлеанс.