Дома Останати Кошарка Видео: Томпсон и Кари одлични во победата на Вориорсите, Оклахома лесно против Лејкерси

Видео: Томпсон и Кари одлични во победата на Вориорсите, Оклахома лесно против Лејкерси

nba

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Оклахома полесно од очекуваното стигна до победата на ЛА Лејкерси со резултат 114:90. Кошаркарите на Оклахома веќе во третата четвртина направија одлична предност со која ја најавија победата, а најефикасен во нивните редови беше Кармело Ентони. Зад него следуваат Адамс кој запиша дабл – дабл 21 поени, една асистенција и 10 скокови, па Вестбрук кој уфрли 19 поени додаде седум асистенции и запиша шест скока.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во редовите на Лејкерси единствените двајца со двоцифрен број на поени беа Рендл поени и Колдвел-Поп со 10 поени.

Голден Стејт Вориорси славеа победа од 119:112 во Чикафо, а актуелниот шампион до четвртата победа беше предводен од Клеј Томпсон со 38 поени и Стеф Кари со 30 поени. Одличен беше и Кевин Дурант со 19 поени, додека за Булсите Никола Миротиќ уфрли 24 поени.

Торонто на домашен терен го совлада Детроит со 96:91. Милс беше најдобар во дресот на Рапторси со 19 поени, додека Друмонд со 25 поени и дури 17 поени ги предводеше Пистонси.

НБА Резултати:

Шарлот – Вашингтон 133:109

Атланта – Њу Орлеанс 94:93

Бруклин – Сан Антонио Спарс 95:100

Торонто – Детроит 96:91

Чикаго – Голден Стејт 112:119

Мемфис – Њу Јорк Никси 105:99

Милвоки – Мајами 101:106

Оклахома – ЛА Лејкерси 114:90

Сакраменто – Јута 105:120

ЛА Клиперси – Денвер 109:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…