Немилите сцени по полуфиналето на Копа Америка во кое Колумбија го победи Уругвај со 1-0, не можеа да поминат без придонесот на играчот кој е најмногу склон кон испади од сите оние на теренот. Луис Суарез не учествуваше во тепачката на играчите на Уругвај со навивачите на Колумбија на трибините, кој ги предводеше Дарвин Нуњез, но го даде својот придонес на теренот.
Суарез и на 37 години не престанува да го прави она по што се прослави. Имено, јужноамериканските новинари тврдат дека на видеото се гледа како Суарез се обидел да го гризне ривалскиот напаѓач Мигел Борха по натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако не успеал во тоа, почнал да се турка со него. Потоа, тој одеднаш премина од агресивен во фер-плеј режим и отиде кај противничкиот играч Кевин Кастан и го бакна.
Suarez started a fight, went back to kiss James Rodriguez and returned back to continue his fight 🤣🤣🤣
— S👻 (@scrapytweets) July 11, 2024
pic.twitter.com/UOLJrZkG0V