Изминатата вечер во НБА беа одиграни пет натпревари.
Кошаркарите на Денвер славеа со 127:124 со кош во последната секунда. Во овој натпревар фантастичен беше Србинот Никола Јокиќ кој и асистираше во последната секунда до Гери Херис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јокиќ го одигра најдобриот натпревар од кога е во НБА и го забележа деветиот трипл-дабл во кариерата, а трети оваа сезона, 29 поени, 13 скокови, 14 асистенции, 2 блокадии и една украдена топка.
Домаќините почнаа фуриозно постигнуваа тројки во низа, а топката во нападот се движеше брзо и течно, што добеде до многу отворени позиции и дури 40 поени во кошот на Оклахома во првите 12 минути.
Домаќините во еден момент дојдоа и на +19, но сепак поради лошата игра во одбраната Оклахома се врати и на 1.4 секунда до крајот резултат гласеше 124:124. Наџентси имаа напад, а тука Јокиќ го пронајде Херис кој од голема одалеченост погодува тројка за победа.
Покрај Јокиќ кој постигна 29 поени, одличен во Денвер беше Џамал Мареј кој постигна 33 поени, на другата страна Пол Џорџ ја предводеше Оклахома со 42 поени, Вестбрук запиша дабл-дабл со 20 поени, 21 асистенции и девет скокови.
Хјустон славеше против Сан Антанио со 102:91. Најдобар како и вообичаено кај Хјустон беше Џејмс Харден со 29 поени и 11 асистенции, Џералд Грин додаде 15 поени, Клин Капел 14 поени, 13 скокови и девет блокади, а Крис Пол забележа 10 поени, три скока и две асистенции.
Harden hits his shimmy after icing the game and Pop is not impressed ?? pic.twitter.com/b4RzhehysT
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 2, 2018
НБА резултати:
Детроит – Мемфис 104:102
Вашингтон – Торонто 122:119
Минесота – Милвоки 108:89
Сан Антонио – Хјустон 91:102
Денвер – Оклахома 127:124