Дома Фудбал Англија Видео: Солскјер и Јунајтед продолжија да „мелат“, падна и Лестер

Видео: Солскјер и Јунајтед продолжија да „мелат“, падна и Лестер

Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунер Солскјер стана непобедлив тим и денес освои нови три бода на незгодното гостување кај Лестер.

„Ѓаволите“ подобро го започнаа дуелот на „Кинг Пауер“ и на самиот старт дојдоа до водство преку Рашфорд, после одличната асистенција на Пол Погба. До крајот на полувремето видовме неколку спорадични шанси на двете страни.

Во второто полувреме Лестер се обиде да дојде до израмнување, но одбраната на Јунајтед и Де Геа функционираа перфектно за нова победа на „црвените ѓаволи“.

Ова е седма победа на последните осум дуели за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, па се проби на 5-та позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…