Дома Фудбал Англија (Видео) Свонси се распадна во финишот, три гола за четири минути, Мурињо има две од две!

(Видео) Свонси се распадна во финишот, три гола за четири минути, Мурињо има две од две!

Екипата на Манчестер Јунајтед денес со почеток од 13:30 го одигра натпреварот од второро коло во Премиер лигата во кое запиша победа на гостински терен против Свонси.

Избраниците на Жозе Мурињо славеа со резултат 0:4, а стрелци на головите беа Ерик Бејли, Ромелу Лукаку,Пол Погба и Ентони Марсијал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ апсолутно заслужено стигнаа до победата, на првиот гол се чекаше се до финишот на првото полувреме кога новајлијата Ерик Бајли после еден изведен корнер најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините и успеа да го постигне првенецот во дресот на Јунајтед.

Во вториот дел слична ситуација на теренот, Јунајтед ја имаше играта, погодокот за 0:2 беше постигнат дури во 80 минута, после што следуваше вистинска голеада. Само две минути по голот на Лукаку, во листата на стрелци се запиша Пол Погба, а во 84 минута веќе беше 0:4, стрелец на голот беше Ентони Марсијал.

Вреди да се спомене дека Јунајтед после првите две кола е без примен гол со гол разлика 8:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…