Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: „Светците“ не се дораснати на „кралевите“ Реал го освои и Париз, „нула“ на Ливерпул и Порто

Видео: „Светците“ не се дораснати на „кралевите“ Реал го освои и Париз, „нула“ на Ливерпул и Порто

ronaldo

Вечерва ги добивме првите патници во ¼ финалето од Лигата на шампионите – Реал Мадрид и Ливерпул.

Реал Мадрид во Париз допатува со сериозна предност од 3:1 во првиот натпревар, па фудбалскиот свет не му даваше премногу шанси на Пари Сен Жермен, кој како што е познато во овој натпревар играше без повредениот Нејмар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гостите од Мадрид започнаа сигурно од самиот старт, а се заканија преку Рамос. Најголемата шанса во првиот дел ја имаше Карим Бензема кој излезе „еден на еден“ со голманот на домаќините, Ареола кој го одбрани неговиот удар.

По шест минути игра во вториот дел Реал Мадрид успева да стигне до водство. Дани Алвеш загуби топка на средината од теренот. „Кралевите“ тргнаа во контра, Лукас Васкез доби одлична прилика да нафрли, а неговиот центар шут го искористи Кристиано Роналдо кој со глава ја смести мрежата во голот на „светците“.

Работата на ПСЖ беше дополнително отежната во 66 минута кога Марко Верати поради приговор го заработи вториот жолт картон на натпреварот. Сепак и покрај тоа што играа со играч помалку „светците“ успеаа да стигнат до погодок и тоа само пет минути подоцна. Стрелец на голот беше Едисон Кавани.

Точка на натпреварот стави Касемиро на десет минути пред крајот. ПСЖ – Реал Мадрид 1:2.



Во вториот натпревар вечерва помеѓу Ливерпул и Порто, по убедливата гостинска победа на „црвените“ одиграа 0:0 што им беше доволно за пласман во ¼ финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…