Aмериканскиот спринет Кристијан Колеман го сруши рекордот на 60 метри стар 20 години…
Младиот 21 годишен Американец експлодираше минатата година, а добрата форма ја потврди со сребрениот медал на Светското првенство во Лондон на кое успеа да заврши пред Усаин Болт во последната трка на славниот спринтер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Колеман во иднина би можел да ги нападне рекордите на Болт кој до овој момент се сметаа за недопирливи. Сега на сите им е јасно дека овој млад спринтер има потенцијал да трча на нивото на најголемиот спринтер на сите времиња.
Еден светски рекорд веќе сруши. Станува збор за оној на 60 метри кој во далечната 1998 година го постави Морис Грин. Колеман истрча 6.37 овој викенд што е за две стотинки побрзо од рекордот на Грин.
Болт на 60 метри никогаш не беше помеѓу најбрзите, бидејќи неговото забрзување доаѓаше во следните 40 метри. Но, американскиот талент со ова покажа застрашувачка брзина и сигурно ќе има што да покаже и на подолгите патеки.