Кливленд и Сан Антонио ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2:0 против Индијана, односно Мемфис, во првото плеј коло во НБА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кливленд. кој во првиот натпревар едвај славеше над Индијана, во вториот нешто полесно стигна до победата. Актуелниот шампион славеше 117:111. „Големата тројка“ на Кливленд комбинираше 89 поени во победата. Кливленд имаше 19 поени предност, Индијана на 100 секунди до крајот се доближи на негатива од четири коша, но како и во првиот натпревар немаше сили за пресврт.
Ирвинг постигна 37 поени, Лав имаше 27 поени и 11 скокови, а Џејмс заврши со 25 поени, 10 скокови, 7 асистенции и по 4 блокади и украдени топки. Гостите ги предводеа Џорџ со 32 и Тиг со 23 поени.
Сан Антонио забележа уште една рутинска победа над Мемфис. Спарси во вториот меч славеа со 96:82. Ленард повторно блескаше кај Сан Антонио, тој за 40 минути постигна 37 поени, на кои придодаде 11 скокови и две асистенции. Мемфис го предводеше Конли со 24 поени.
Сериите сега се селат во Индијанаполис односно Мемфис каде ќе бидат одиграни наредните два натпревари.