Дома Фудбал Видео: Роналдо тренира со повредено око, Зизу ја објасни ситуацијата со смартфонот

Видео: Роналдо тренира со повредено око, Зизу ја објасни ситуацијата со смартфонот

Раната на лицето и отокот под левото око не го спречи Кристиано Роналдо да биде дел од денешниот тренинг на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренингот беше отворен за јавноста и новинарите, па сите видоа дека Роналдо има повреда поради која не се чувствува комотно, но сепак го одработи денешниот тренинг.

Сепак, Португалецот нема да биде вклучен во тимот за утрешниот меч против Леганес во Купот на кралот, но не поради повредата туку затоа што Зидан реши да му даде одмор.

Зидан на денешната пресконференција ја објасни ситуацијата кога Роналдо побара телефон да ја види раната на среде натпревар, за која имаше лавина коментари.

„Роналдо тоа го направи за да види дали раната е голема и дали може да продолжи да игра. Се останато се само непотребни коментари“, изјави Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, …