Дома Фудбал (Видео) Роналдо повторно сруши рекорд, но овој пат НЕГАТИВЕН!

(Видео) Роналдо повторно сруши рекорд, но овој пат НЕГАТИВЕН!

Најдорбриот фудбалер во светот Кристиано Роналдо нема по добро да го памети натпреварот во кој се врати после пет натпревари суспензија во шпанскиот фудбал.

Португалецот во натпреварот против Барселона од шпанскиот Суперкуп заработи суспензија од пет натпревари, а после еден месец се врати на терените против Бетис, натпревар во кој Санабрија во финишот донесе победа за гостите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо овој натпревар нема да го памети по добро, не само поради поразот, туку и поради негативниот рекорд кој го постави. Кристиано за 90 минути колку што помина на теренот упати 12 удари кон голот, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Тоа е најголемиот број на шутеви на еден играч, а истиот да не постигнал погодок на тој натпревар уште од септември 2015 година. Иначе и во 2015 година Роналдо беше играчот кој го постави овој негативен рекорд, па сега само го „подобри“.

Во овој натпревар беше запрена и неверојатната низа на „кралевите“ од 73 натпревари во кои постигнуваа барем по еден погодок, шпанскиот гигант не успеа да го сруши рекордот па само го изедначи со оној на Сантос од далечната 1963 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…