Дома Фудбал Англија Видео: Ремек-делото на Шакири не беше доволно, Кристал Палас го испрати Стоук во Чемпиошип

Видео: Ремек-делото на Шакири не беше доволно, Кристал Палас го испрати Стоук во Чемпиошип

Во терминот од 13:30 часот во Премиер лигата беше одигран натпреварот помеѓу Стоук и Кристал Палас.

Кристал Палас славеше на гостински терен со 1:2 и така го испрати Стоук во Чемпионшип.

Не почна натпреварот така лошо за домаќините, Стоук играше добро, а таквата игра им се исплатеше во 43 минута кога Џердан Шакири постигна мајсторски гол од слободен удар.

Сепак во второто полувреме следуваше целосен пресврт.

Се играше 68 минута кога после една грешка во редовите на домаќините Мекартур изедначи на 1:1. На само четири минути до крајот на истекот на регуларните 90, Ван Анхолот постигнува гол за 1:2 со кој го испрати Стоук во втората англиска лига, а себе си го обезбеди опстанокот.

На Стоук во Чемпиошип многу веројатно друштво ќе му прави ВБА.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а француск…