Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Реал може да жали: Бројките на Пепе за Бешикташ се страшни!

Видео: Реал може да жали: Бројките на Пепе за Бешикташ се страшни!

Бешикташ со ремито против Порто (1:1) на едно коло пред крајот го обезбеди големиот успех.

Турскиот клуб прв пат после 18 години се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Без пораз во пет натпревари против Порто, Лајпциг и Монако, турскиот клуб натпреварите ги заврши на првото место во групата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За продолжувањето на низата на непобедливост еден од најзаслужните беше Пепе.

Ветеранот кој за три месеци ќе наполни 35 години против Порто одигра перфектен натпревар, за тоа сведочат и коментарите по натпреварот, но и бројките на Пепе.

Против својот поранешен клуб од каде што пред 10 години за сума од 30 милиони евра премина во Реал Мадрид Пепе пет пати ја расчисти опасност пред својот гол, ги доби сите воздушни дуели, осум пати им ја одзема топката на противниците и четири пати ги пресече противничките додавања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…