Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Реал и судијата после продолженија го елиминираа Баерн!

Видео: Реал и судијата после продолженија го елиминираа Баерн!

Фудбалерите на Реал се полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако во драматичниот четвртфинален реванш го елиминираа Баерн Минхен.

Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1:2, а по продолженијата Реал славеше со 4:2. Кристиано Роналдо постигна три гола, а голем придонес во триумфот имаше и унгарскиот судија Виктор Касаи, чии две одлуки директно го одредија победникот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првото полувреме во Мадрид донесе донесе отворена игра на двете страни, неколку добри можности за постигнување на гол, но по 45 минути мрежите мируваа.

Баерн, по осум минути игра во вториот дел успеа да постигне гол. Каземиро невнимателно стартуваше врз Робен во шеснаесетникот, судијата Касаи покажа на белата точка, а Левандовски пеналот го претвори во гол.

Баварците се обидоа да го искористат моментумот, но одбраната на Реал успеа да ги одбие нивните налети. Во овој период од играта Касаи можеше, но не додели вториот жолт картон на Каземиро, кој премногу агресивно стартуваше врз Робен.

Откако ги одби нападите на противникот, Реал започна да ја плете мрежата околу голот на Ноер и израмнувањето дојде во 76 минута. Каземиро упати идеална топка во срцето на шеснаесетникот, Боатенг го загуби дуелот со Роналдо, кој го совлада Ноер.

Но само две минути подоцна Серхио Рамос ги шокираше соиграчите, кога по една мешаница, реагираше несмасно и ја погоди сопсвената мрежа.

Постигнатиот гол уште повеќе ги охрабри играчите на Баерн, тргнаа со сите сили кон голот на Кејлор Навас со намера до го решат победникот во регуларниот дел од мечот.

На пет минути до крајот судијата Касаи ја направи клучната грешка. Артуро Видал со лизгачки старт чисто успеа да му ја одземе топката на Каземиро, но унгарскиот судија досуди слободен удар за Реал и на Видал му го покажа вториот жолт картон.

Во продолженијата, иако со играч помалку Баерн беше поактивен, а на истекот на првото продолжение, Касаи и неговите колеги направија нова катастрофална грешка кога признаа нерегуларен гол на Реал.

Серхио Рамос нафрли кон Роналдо, Португалецот беше длабоко зад одбраната на Баерн, а откако судиите не се огласија, мирно ја прифати топката и израмни на 2:2.

Во второто продолжение, кога играчите на Баерн паднаа во ритамот, Реал постигна уште два гола. Најпрвин Марсело се прошета низ баварската одбрана и му асистираше на Ронадо, а потоа истото го направи и Асенсио кој сам ја заврши акцијата и ги постави конечните 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Леверкузен ја постави цената за Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на многу европски гигант…