Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Реакцијата на Меси после генијалниот потег на Брозовиќ

ВИДЕО: Реакцијата на Меси после генијалниот потег на Брозовиќ

Барселона вчера на свој терен стигна до победа против Интер од 2:0 и така освои нови три бода во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците беа без нивниот најдобар играч Лионел Меси кој е надвор од терените поради повреда на раката, но сеедно стигнаа до победата. Меси од трибините даваше поддршка на своите соиграч и сигурно дека не му беше лесно што не можеше да помогне на теренот.

Интересна ситуација видовме во средината на вториот дел кога во центарот на вниманието се најде Марсело Брозовиќ. Суарез од еден прекршок се обиде да шутира под живиот ѕид, но тогаш Хрватот со несекојдневна реакција го спречи можеби Суарез да постигне и погодок.

Многумина можеби веќе ја видоа топката во голот на Хандановиќ, а еден од нив изгледа беше и Меси кој не можеше да ја сокрие својата реакција после неверојатниот потег на Брозовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бруно Гимараеш веќе се договорил со Арсенал

Бруно Гимараеш неодамна го информираше Њукасл дека сака да го напушти клубот и да премине …