Емотивна реакција на еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но и во историјата.
После мечот помеѓу Кливленд и Индијана, во кој Леброн постигна 46 поени, новинарката му ja соопшти тажната вест дека сопругата Ерин на големиот пријател на Леброн, Грег Поповиќ починала.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џејмс прво беше во шок и во неверување гледаше, а потоа како вистински професионалец продолжи со коментарот.
„Човече. Јас сум голем фан на Поп. Тоа голема трагедија. Мое сочуство до Поповиќ и неговото семејство…Тоа се многу тажни вести…Боже. НБА семејството се држи заедно. Кога вакво нешто ќе се случи се се остава на страна. Ги испраќам моите молитви. Знам дека Бог не прави грешки…Ова се ужасни вести. Поддршка до тренерот на Сан Антонио и сите во Спарсите“, заврши Леброн.