Дома Останати Кошарка НБА Видео: Поентерска пресметка помеѓу Леброн и Јокиќ – победи „кралот“, Хјустон до нов рекорд, Дерожан расположен!

Видео: Поентерска пресметка помеѓу Леброн и Јокиќ – победи „кралот“, Хјустон до нов рекорд, Дерожан расположен!

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа седум натпревари.

Откако во претходниот натпревар беше критикуван и седнат на клупата во последната четвртина сега Никола Јокиќ се врати на одличните настапи, но сепак неговиот Денвер запиша пораз од Кливленд (108:113).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ беше навистина одлично расположен, но на другата страна Кливленд го имаше неверојатниот Леброн Џејмс.

Џејмс за 39 минути на паркетот уфрли исто толку поени, украде осум топки и подели 10 асистенции. „Кралот“ имаше поддршка од Родни Худ (15 поени) и Лери Ненс (13 поени, 13 скокови), што беше доволно за нова победа.

Јокиќ како што кажавме беше најдобар поединец на Денвер. Србинот уфрли 34 поени за 36 минути на паркетот, додаде 13 украдени топки и запиша шест асистенции. Ова за Јокиќ беше втор најдобар поентерски натпревар, подобар беше само против Бруклин кога уфрли 41 поен.


Џејмс Харден уфрли 26 поени во победата на Хјустон над Милвоки со 110:99. Ова за овој тим беше 17 победа во низа со што го срушија рекордот на најдолга серија. На Бостон Селтикси од оваа сезона. Освен Харден одличен беше и Крис Пол со дабл-дабл, 16 поени и 11 асистенции.

Во тимот на Милвоки Јанис Адетокунбо постигна 30 поени, Крис Мидлтон.

Ноќта која е зад нас ја обележи Демар Дерожан кој уфрли 42 поени во победата на Торонто над Пистонси 121:119.

НБА резултати:

Индијана – Јута 84:104

Чикаго – Мемфис 119:110

Детроит – Торонто 119:121

Милвоки – Хјустон 99:110

Сакраменто – Њу Орлеанс 101:114

Денвер – Кливленд 108:113

Лос Анџелес Лејкерси – Орландо 108:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…