Дома Фудбал ВИДЕО: Погледнете како Модриќ во стилот на Болт го спаси Реал

ВИДЕО: Погледнете како Модриќ во стилот на Болт го спаси Реал

Реал на своите навивачи им приреди уште еден шок – во 90. минута прими гол за 2:2 и така прокоцка победа на гостувањето против Леванте.

Можеше да биде уште полошо за европскиот и шпанскиот актуелен шампион синоќа особено да не беше расположениот Модриќ, за кој сите се согласуваат дека беше најдобриот играч во екипата на Зидан.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Хрватскиот играч за врска особено се истакна во 57. минута кога го претрча речиси целиот тревник и го спаси голот на Реал. По еден корнер на гостите и лошата акција, Модриќ мораше сам да се одбрани против опасниот контранапад на Леванте. Претрча 70 метри и со одличната реакција во казнениот простор на Реал ја одби топката.

Спасувањето на голот на Модриќ можете да го погледнете на видеото од 7:50.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…