Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Погба и Марсијал погодуваа, Манчестер Јунајтед до победа против Евертон

ВИДЕО: Погба и Марсијал погодуваа, Манчестер Јунајтед до победа против Евертон

Во рамките од 10-тото коло во англиската Премиер лига својот натпревар денес го одиграа Манчестер Јунајтед и Евертон.

Жозе Мурињо изгледа си купи нешто подолго време на клупата на Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ денес го совладаа Евертон и така во последните три натпревари во Премиер лигата имаат две победи, а треба да се потсети дека во минатото коло против Челзи победата ја испуштија во последните секунди.

Денес против Евертон славеа победа од 2:1.

До водство тимот на Мурињо стигна во 27-та минута кога Пол Погба се поправи после нереализираниот пенал.

На самиот старт од вториот дел, Ентони Марсијал погодува за 2:0. Евертон до погодок стигна преку Сигурдсон со удар од белата точка на 13-минути до крајот на натпреварот.

Сепак, во продолжение Јунајтед успеа да ја смири играта и да ја задржи предноста до крајот на натпреварот.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…