Дома Останати Кошарка НБА Видео: Победа на Оклахома и заплет на Западот, Драгиќ го однесе Мајами до седмата позиција, Вестбрук со нов трипл-дабл

Видео: Победа на Оклахома и заплет на Западот, Драгиќ го однесе Мајами до седмата позиција, Вестбрук со нов трипл-дабл

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Големата плеј-оф драма Западот доби нов заплет бидејќи минатата ноќ Оклахома однесе голема победа над Клиперси 121:113.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најефикасен во редовите на Оклахома беше Бруер со 22 поени кој ги имаше можеби и двата најважни моменти на натпреварот. Прво погоди тројка од аголот на 104 секунди пред крајот со која Оклахома се „одлепи“ на десет поени предност, за на 26 секунди пред крајот да ја украде топката на противникиот и така да го одлучи натпреварот.

Во редовите на Клиперси распоожени за игра беа Тобијас Харис со 24 поени, Остин Риверс со еден помалку, додека Деандре Џордан запиша 11 поени и дури 21 скок! Милош Теодосиќ на паркетот помина 29 пминути и собра 12 поени.

Кај Оклахома до нов трипл-дабл стигна Расел Вестбрук со 16 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Стивен Адамс запиша 18 поени и 14 скокови, а Пол Џорџ 19 поени.

Сакраменто успеа да го сруши шампионот Голден Стејт (98:93). Без Стеф Кари, Клеј Томпсон и Кевин Дурант Вориорсите изгледаа како просечен тим. Во редовите на Кингси најефикасен беше Хилд со 22 поени, Скал Лабси додаде 15, а Богдан Богдановиќ собра 11 поени за 24 минути поминати на паркетот.

Во поразениот тим на Вориорси најефикасен беше Квин Кук со 25 поени, Дрејмонд Грин стигна до дабл-дабл учинок од 14 поени, 10 скокови, 7 асистенции и 2 блокади.

Голема победа однесе и Мајами против Лејкерси 92:91. Мајами со оваа победа се избори за седмото место на Источната конференција. Во натпреварот со драматична завршница се истакна Горан Драгиќ кој натпреварот го заврши со 30 поени.

Кај Мајами Џулијас Рендл стигна до дабл-дабл од 25 поени 12 поени, го следеше Брук Лопез со 18 поени.

НБА резултати:

Орландо- Бостон 83:92

Филаделфија – Бруклин 120:116

Торонто – Далас 122:115

Оклахома – ЛА Клиперси 121:113

Голден Стејт – Сакраменто 93:98

ЛА Лејкерси – Мајами 91:92

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…