Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Пет погодоци на „Сан Сиро“, Милан во одличен натпревар подобар од Сампдорија

ВИДЕО: Пет погодоци на „Сан Сиро“, Милан во одличен натпревар подобар од Сампдорија

Во рамките од 10-тото коло во италијанската Серија А денешниот термин од 18:00 часот својот натпревар го одигра Милан.

Избраниците на Џенаро Гатузо ја пречекаа Сампдорија и на крајот стигнаа до победа од 3:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Патрик Кутроне го доведе Милан во водство во 17-тата минута, но Сапонара само четири минути подоцна изедначува на 1:1.

Ветеранот Фабио Кваљарела во 31-тата минута успева да постигне и гол за целосен пресврт, а за вистинска голеада во првото полувреме се погрижи Игуаин кој на седум минути до истекот на првите 45 минути изедначи на 2:2.

Во вториот дел видовме далеку помалку возбудувања и само еден погодок, тој еден погодок беше во мрежата на гостите.

Шпанецот Сусо после нешто повеќе од еден час игра постигна гол за победа на „росонерите“ од 3:2.

Со оваа победа екипата на Милан се изедначува со бројот на бодови (6, 7 позиција) со Самподрија (по 15), но тимот од Милано има и натпревар помалку.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…