Денес од 18:00 часот се одиграа шест натпревари во англиската Премиер лига во кои видовме две изненадувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кристал Палас на гостински терен го совлада Манчестер Сити со 2:3 и така го остави Ливерпул со четири бодови предност на лидерската позиција.
Сити добро го отвори натпреварот, Гундоган погоди за 1:0 во 27-та минута. Но во период од само две минути од 33-та до 35-тата Кристал Палас постигна два погодоци. Прво Шлуп изедначи, а потоа следуваше спектакуларен гол на Таусенд.
Со предност од 1:2 Кристал Палас замина на паузата.
Миливојевиќ во 51-та минута од пенал зголеми на 1:3. Сити се обидуваше, но никако не успеваше да го пронајде патот до противничката мрежа. На крајот сепак успеаа преку Де Брујн кој на пет минути пред крајот погоди за 2:3.
Второто изненадување го приреди Лестер кој исто така гостински терен го совлада Челзи со 0:1.
Останати резултати:
Бурнемоут – Брајтон 2:0
Хадерсфилд – Саутемптон 1:3
Њукасл – Фулам 0:0
Вест Хем – Вотфорд 0:2