Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Парма го победи Торино, борбата за Европа и не е така далеку!

ВИДЕО: Парма го победи Торино, борбата за Европа и не е така далеку!

parma

Tимот со огромна традиција би можел да се врати онаму каде што припаѓа – во врвот на Серија А.

Торино денес ја пречека Парма и на крајот гостите однесоа важна победа со резултат 1:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако што Парма беше во голема криза тимот напредува од година во година, но никој не очекуваше во првата сезона после враќањето помеѓу најдобрите да прикажуваат вакви настапи.

„Млекарите“ против Торино тргнаа напаѓачки и после 25 минути имаа предност која им обезбеди три бода. Прво мрежата ја затресе Жервињо во 9-тата минута. Вториот гол го постигна Инглесе на асистенција на Гаглиоло, а Басели успеа да го врати Торино во игра во 37-та минута.

Сепак, гостите до самиот крај одлично ја чуваа предноста и на крајот запишаа нови три боди.

Со овие бодови Парма се изедначи со денешниот противник и Фиорентина на осмата позиција. Доколку Парма продолжи со ваквите настапи сигурно дека може да се надеваат на место во Европа.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…