Дома Останати Кошарка НБА Видео: Оладипо ѕвезда на вечерта, Бостон им се врати на победите

Видео: Оладипо ѕвезда на вечерта, Бостон им се врати на победите

Синоќешните натпревари во НБА лигата ги обележа Индијана, односно Виктор Оладипо кој постигна рекордни 47 поени во победата над Денвер од 126:116.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бекот, кој студирал на Универзитетот во Индијана и брзо ја прифати улогата на лидер по доаѓањето од Оклахома Сити, додаде 7 скока и 6 асистенции, а неговиот тим стигна негатива од 8 поени при 106:114 на помалку од 3 минути пред крајот, за да го испрати натпреварот во продолжение.

По поразот од Сан Антонио, Бостон брзо им се врати на победите откако со 91:81 славеше на гостувањето кај Детроит. Избраниците на Бред Стивенс одлично ги одиграа првата и третата четвртина, што беше доволно за 23-та сезонска победа.

Резултати:
Сакраменто – Торонто 97:102
Детроит – Бостон 81:91
Индијана – Денвер 126:116
Минесота – Далас 97:92
Њу Орлеанс – Филаделфија 131:124
Њујорк – Атланта 111:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…