Арсенал и Тотенхем денес одиграа возбудливо дерби кое заврши со по еден гол и на двете страни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Топџиите“ први стигнаа до предност во првото полувреме кога Арон Рамзи искористи една контра на Арсенал и погоди за 1:0. „Петлите“ до изедначување стигнаа во второто полувреме кога од пенал погоди Хари Кејн.
Пред почетокот на натпреварот Емери изненади многумина кога на теренот пред Обамејанг се најде Александар Лаказет. Обамејанг во игра влезе во второто полувреме и во финишот се претвори во вистински трагичар.
Арсенал доби најсторга казна, а одговорноста ја превзема Обамејанг. Габонецот шутираше слабо и неговиот удар го одбрани Лорис, а само неколку секунди подоцна после одбиената топка доби можност за поправен, но тогаш промаши празен гол од само неколку метри.
#TOTARS #Aubameyang penalty miss… pic.twitter.com/7zpAg1yOLv
— Pratik Thebe™️? (@pratik_thebe) March 2, 2019