Дома Останати Кошарка Видео: „Ноќ од соништата“ за Ембид, Таунс одличен во победата на Минесота, Орландо поразен

Видео: „Ноќ од соништата“ за Ембид, Таунс одличен во победата на Минесота, Орландо поразен

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 11 натпревари.

Во дербито на Западот, Минесота го совлада Сан Антонио со 98:86, феномален настап во овој натпревар прикажа Карл Ентони Таунс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлучувачка беше втората четвртина кој Минесота ја доби со 39:19. Таунс постигна дури 26 поени и запиша 16 скокови, Џеф Тиг постигна 16 поени. На другата страна Лемаркус Олдриџ забележа дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови, а по 13 поени постигнаа Пол Гасол и Пет Милс.

Индијана забележа по малку изненадувачка победа над Мемфис со 116:113. Феноменален настап имаше Дарен Колисон со 30 поени и осум асистенции, Виктор Оладипо запиша 16, а Бојан Богдановиќ 16 поени со шут од игра 6/9, три скока и една асистенција.

После многу пресврти во „Стејплс центарот“ славеше Филаделфија. Сикерси запишаа победа од 115:109 и сега имаат позитивен скор од 115:109. Гостите во еден момент имаа и двоцифрена предност во втората четвртина, потоа Лејкерси направија пресврт и стигнаа до поен предност, за на крајот сепак да потклекнат. Фантастичен беше Џоел Ембид со 46 поени, 15 скокови и седум асистенции. На другата страна најефикасен беше Брендон Инграм со 26 поени.

Кливленд со многу проблеми го совлада Шарлот со 115:107, Торонто беше убедлив на гости против Њу Орлеанс, 125-116, како и Оклахома против Чикаго 92:79, а одлучувачка беше фантастичната прва четвртина која ја добија со 27:7.

НБА резултати:

Атланта – Сакраменто 126:80

Мајами – Вашингтон 93:102

Њујорк Никси – Јута 106:101

Шарлот – Кливленд 107:115

Мемфис – Индијана 113:116

Милвоки – Детроит 99:95

Минесота – Сан Антонио 98:86

Њу Орлеанс – Торонто 116:125

Оклахома – Чикаго 92:79

Портланд – Орландо 99:94

Лос Анџелес Лејкерси – Филаделфија 109:115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…