Девет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а неколку кошаркари прикажаа навистина фантастични индивидуални настапи.
Ќе започнеме од натпреварот Бруклин – Њу Орлеанс каде што беше фантастичен Ентони Дејвис, но неговиот тим на крајот беше поразен со 126:121. Дејвис одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната и уфрли дури 34 поени, а запиша и неверојатни 26 скокови. Кај домаќините најдобар беше Расел со 22 поени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одличен во победата на Бостон беше Хауард кој против Минесота уфрли 35 поени и запиша пет асистенции. Бостон тој натпревар го доби со 115:102. Уште еден одличен настап прикажа Црногорецот Никола Вучевиќ кој уфрли 22 поени и додаде 12 скокови во победата против Орландо против Чикаго на гостински терен 112:84.
Во натпреварот помеѓу Феникс и Филаделфија слава гостите со 132:127, а одличен беше Ембид со 42 поени и 18 скокови. Кај Феникс Букер беше најрасположен со 37 поени и осум асистенции.
За крај тука е и одличниот настап на Пол Џорџ во победата на Оклахома против Лејкерси (107:100). Џорџ продолжи со одличната форма и уфрли дури 37 поени и запиша четири скокови и две асистенции. Неговиот тимски колега, Расел Вестбрук стигна до трипл-дабл учинок од 14 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Ќе потсетиме, кај Лејкерси се уште е повреден Леброн Џејмс.
Останати резултати:
Шарлот – Далас 84:122
Кливленд – Мајами 92:117
Вашингтон – Атланта 114:98
Мемфис – Детроит 94:101