Дома Останати Кошарка Видео: Ноќ на Кари, Богдановиќ одличен, Јокиќ исклучен во поразот на Денвер

Видео: Ноќ на Кари, Богдановиќ одличен, Јокиќ исклучен во поразот на Денвер

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари.

Кошаркарите на Голден Стејт запишаа победа во натпреварот против Бруклин Нетс на гостувањето со резултат 118:111, а одличен настап прикажа плејмејкерот на шампионот во НБА Стеф Кари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кари постигна 39 поени, запиша 11 скокови, 11 пати асистираше и успеа да украде три топки. Него го следеше Клеј Томпсон со 23 поени и 10 скокови, додека двоцифрен број на поени постигнаа уште Омри Каспи и Андре Игодала, по 12.

Нетсите заостануваа во поголемиот дел од натпреварот, нешто подобро одиграа во последната четвртина, но веќе беше доцна да фатат приклучок. Во редовите на тимот од Бруклин најефикасен беше Ален Креб со 25 поени, Спенси Динвиди додаде 21, а Ронде Холис Џеферсон постигна дабл-дабл со 16 поени и 12 скокови.

Индијана славеше на гостувањето во Флорида против Мајами со 120:95, најзаслужен за оваа победа беше Богдановиќ кој успеа да постигна 26 поени, запиша две асистении и три скока. Во тимот на Мајами најефикасен беше Вејн Велингтон со 21 поени, а Хасан Вајтсад и Џош Ричардсон постигнаа по 15 поение, Словенецот, Драгиќ имаше учинок од осум поени, пет скокови и четири асистенции.

Лос Анџелес славеше со 127:109 во натпреварот против Денвер. Во овој натпревар поради расправија со судијата беа исклучени Никола Јокиќ и тренерот на Денвер Мајк Мелони.

Лонзо Бол го запиша вториот трипл дабл со 11 поени, 16 скокови и 11 асистенции. Најефикасен беше Џулиус Рнеди со 24 поени, додека Брук Лопез додаде 21 поени. Во Денвер подобар од останатите беше Гери Харис со 20 поени, додека 17 поени постигна Вилсон Чендлер.

Во останатите два натпревари Детроит ја совлада Минесота на гостински терен со 97:100 и Феникс на свој терен запиша победа против Чикаго со 113:105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…