Дома Фудбал Видео: Новиот Милан понижен во Рим!

Видео: Новиот Милан понижен во Рим!

Милан доживеа голем пораз од 4:1на гостувањето кај Лацио во 3-то коло од италијанската Серија А. Херој за лацијалите беше Имобиле кој постигна хет-трик.

Милан кој ова лето значително го засили тимот, мечот го започна со 7 нови фудбалери, но во играта на „росонерите“ не функционираше ништо.

После почетото домерување на силите, Кеси направи прекршок во казнетиот простор, а Имобиле го претвори во водство. Само неколку минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0.

На почетокот на второто полувреме следуваше нов шок за „росонерите“, Имобиле проигран од Пароло во петерецот беше прецизен за 3:0, а веќе во 51-та минута, после еден контра напад домашните имаа високи 4:0.

„Росонерите“ набрзо намалија преку Монтоливо на 4:1, но не успеаа да го ублажат поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …