Дома Фудбал ВИДЕО: Новиот играч на Реал се бламираше на претставувањето

ВИДЕО: Новиот играч на Реал се бламираше на претставувањето

Винисиус Жуниор е нова аквизиција на Реал Мадрид, од која се очекува да го покаже својот раскошен талент кој го поседува и да биде една од најголемите надежи на Реал во годините што доаѓаат.

Мадриѓаните уште минатата зима објавија дека 18-годишниот Винисиус Жуниор ќе биде првото засилување за следната сезона. Станува збор за тинејџер кој во минатата сезона, дебитанска во сениорите, со 14 гола на 37 натпревари за Фламенго го привлече вниманието на најголемите светски клубови, од кои Реал беше најбрз и најконкретен за да го доведе во своите редови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Винисиус Жуниор како и секој играч по претставувањето во официјалните простории во клубот, излезе на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ да се слика со топката, но изгледа дека тремата го совлада. Додека жонглираше, топката и не го „слушаше“, па започнаа и првите сомневања меѓу управата на Реал околу неговото доаѓање.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…