Дома Останати Кошарка НБА Видео: Нова победа на Лејкерси, нова маестрална партија на Дончиќ

Видео: Нова победа на Лејкерси, нова маестрална партија на Дончиќ

Во НБА лига се одиграа 12 натпревари, а за истакнување се десеттата победа по ред за Лос Анџелес лејкерс, и новото феноменално издание на Лука Дончиќ.

Кошаркарите на Далас маверикс синоќа славеа на гости кај Феникс санс со 120-113, а уште еден одличен меч одигра Лука Дончиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дончиќ постигна неверојатни 42 поени, 11 асистенции и девет скокови, додека веднаш зад него беше Тим Хардавеј со 26 поени.

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со одличните игри за својата 17. победа, откако дома со 125:103 ги совладаа Вашингтон визардс. Ентони Дејвис имаше 26 поени и 13 скока, а Леброн Џејмс додаде 23 поени и 11 асистенции.

Резултати:

Детроит – Шарлот 107:110

Орландо – Торонто 83:90

Кливленд – Милвоки 110:119

Њујорк – Филаделфија 95:101

Индијана – Атланта 105:104 ОТ

Мемфис – Јута 94:103

Мајами – Голден стејт 122:105

Оклахома сити – Њу Орлеанс 109:104

Сан Антонио – ЛА Клиперс 107:97

Феникс – Далас 113:120

Портланд – Чикаго 107:103

ЛА Лејкерс – Вашингтон 125:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aмерикански новинар за Јокиќ: Тој е како вештачка интелигенција!

Денвер нагетс загуби на почетокот на полуфиналето на Западот од Минесота, но тоа не мора н…