Дома Останати Кошарка Видео: Нова победа на Голден Стејт за прво место во лигата!

Видео: Нова победа на Голден Стејт за прво место во лигата!

Пет натпревари се одиграа синоќа во НБА, на кои победи забележаа Голден Стејт, Сан Антонио, Денвер, Милвоки и Њу Орлеанс.

Голден Стејт го победи Њујорк 103:90, за 24-та победа и прво место во лигата. Тимската игра беше клуч за триумф на Голден Стејт. Првите 36 поени домаќинот ги постигна од 36 асистенции, а мечот Голден Стејт го заврши со 41 асистенција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клеј Томпсон го предводеше тимот со 25 поени, Кевин Дурент имаше учинок од 15 поени, 14 скокови и осум асистенции, а Стеф Кари постигна само осум поени (3/14 од поеле), на кои придодаде 10 скока и осум асистенции.

Сан Антонио го победи Феникс на гостински терен со 92-107. Пау Гасол и Кавај Леонард со по 18 поени се издвоија во победничкиот тим, а Девин Букер со 17 поени беше најпозитивен кај Феникс.

Резултати:
Милвоки – Чикаго 108:97,
Њу Орлеанс – Индијана 102:95,
Денвер – Портланд 132:120,
Феникс – Сан Антонио 92:107,
Голден стејт – Њујорк 103:90.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…