Дома Фудбал Останато Видео: Николов го заврши настапот во Европа, Севиља и Виљареал во нокаут фаза

Видео: Николов го заврши настапот во Европа, Севиља и Виљареал во нокаут фаза

Мол Види на нашиот Бобан Николов освои само еден бод против Челзи во Лига Европа, кој беше недоволен за следната фаза. Севиља и Виљареал сигурни.

Вилијан со прекрасен гол од слободен удар донесе водство за Челзи, но само две минути подоцна Ампаду израмни на 1:1. Мол Види имаше предност од 2:1 се до 75-та минута кога Жиру го изтамни резултатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бодот за тимот на Бобан Николов не беше доволен за шеснаесетфианле бидеќи БАТЕ со 1-3 триумфираше на гостувањето кај ПАОК.

Во директниот дуел за првото место во група Ј, Севиља беше убедлива на „Рамон Санчез Писхуан“ против Краснодар со 3-0.

Виљареал исто така беше поуспешен во директниот дуел со Спартак Москва (2:0) и се пласира во нокаут фазата.

Ајнтрахт Франкфурт испиша историја и стана првиот клуб од Германија кој победил на сите шест меча од групната фаза во Лига Европа, откако вечерва го победи Лацио на „Олимпико“ со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…