Илија Несторовски ја продолжи одличната серија и против екипата на Милан, но „росонерите“ славеа на „Ренцо Барбера“. Јувентус рутински против Киево.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Палермо запиша уште еден пораз пред своите гледачи, овој пат од Милан со 1-2. Резултатот го отвори Сусо во 15-та минута. Надежта на домаќините ја врати нашиот Несторовски со гол во 71-та минута, но „росонерите“ стигнаа до триумф со голот на Лападула во 82-та минута.
Јувентус освои три нови бода и се зацврсти на врвот во Серија А откако со 2-1 победи на гостувањето кај Киево.
Мрежите мируваа до 53 минута кога Манџукиќ погоди за водство на Јуве од 1-0, во 66 Пелисие изедначи на 1-1, а Пјаниќ на 15 минути до крајот носи победа од 2-1.