Дома Останати Кошарка Видео: Незапирливиoт Леброн пишува историја, Кливленд изедначи во финалето на Истокот!

Видео: Незапирливиoт Леброн пишува историја, Кливленд изедначи во финалето на Истокот!

lebron

Кошаркарите на Кливленд изедначија на 2:2 во победи во серијата со Бостон во финалето на Истокот, откако во четвртиот натпревар на домашен терен славеа со 111:102.

Слично како и во третиот натпревари, Кавси рано стигнаа до голема предност. Селтикси се држеа во првите пет-шест минути, за Кливленд потоа предводен од Џејмс и Корвер да отиде на големи +19.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леброн полувремето го заврши со 22 поени, Корвер со 14, а одигра одлично во одбрана на Џејлејн Браун. Селтикси не се предаваа и стигнаа -9, но и тогаш Кавси го одбија нивниот налет.

Во раната фаза од третиот период Лав ја заработи петата лична грешка, набрзо потоа и Морис на другата страна, а домаќинот ја чувеше двоцифрената разлика. Важна епизодна улога во последната четвртина одигра и Ненс, а Џејмс цврсто го држеше кормилото и го одведе својот тим до победа.

Леброн уште една влезе во историјата бидејќи сега е прв на сите времиња по погодени шутеви од игра во плеј-офот. На оваа средба „кралот“ запиша 44 поени (17/28 од игра), 5 скокови и 3 асистенции, имаше и 7 изгубени топки. Ова е веќе шести пати во овој плеј-оф Џејмс да има повеќе од 40 поени. Единствено Алеј Ајверсон во 2001 година имаше шест натпревари со 40+ во ист плеј-оф.

Корвер остана на 14 поени од првиот дел, Тристан Томпсон уфрли 13 поени, имаше 12 скока и 2 блокади, Џорџ Хил додаде 13 поени, 4 скока и 3 асистенции, Смит и Лав постигнаа по 9, Ненс 7.

Најефикасен кај Бостон беше Џејлен Браун со 25 поени и шест скокови, Џејсон Татум додаде 17 поени, Тери Розир 16 поени и 11 асистенции, додека Ал Хороворд уфрли 15 поени и запиша пет скока.

Следниот натпревар се игра ноќта измеѓу среда и четврток со почеток од 2:30 по наше време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…