Дома Фудбал Видео: Незапирливата Валенсија – Совладан и Еспањол за деветта победа во низа

Видео: Незапирливата Валенсија – Совладан и Еспањол за деветта победа во низа

valencia

Валенсија едноставно е незапирлива оваа сезона, а денес тоа го почуствува и тимот на Еспањол кој беше порзен со 2:0 во рамките од 12 коло на шпанската лига.

Првото полувреме гостите од „Местаља“ не го одиграа баш најдобро, две одлични шанси за погодок имаше тимот на Еспањол преку Морено и Дардер, но сепак тие не беа прецизни, па полувремето заврши со резултат 0:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во продолжението од натпреварот Валенсија од првата шанса стигна до погодок. Се играше 67 минута кога Кондогбија го постигна својот трет гол во сезоната. До зголемување на предноста гостите стигнаа во 83 минута кога Санти Мина ја погоди мрежата на Еспањол.

Валенсија по оваа победа остана на втората позиција со четири бода помалку од Барселона, а во наредното коло ги очекува натпревар против Барселона на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри стана само третиот тренер кој доби отказ од Јувентус пред крајот на сезоната

Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри (56) е само третиот тренер кој во текот на сезо…