Дома Фудбал Англија ВИДЕО: На сите проблеми во Јунајтед, Мурињо си отвори и еден со ФА

ВИДЕО: На сите проблеми во Јунајтед, Мурињо си отвори и еден со ФА

Жозе Мурињо беше под огромен притисок пред натпреварот против Њукасл, а притисокот драстично беше зголемен кога гостите после 10 минути игра имаа предност од 0:2.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Ѓаволите“ сепак успеаа некако да стигнат до пресврт и конечно да запишат победа, а после победата од 3:2, Мурињо конечно може барем малку да воздивне, но гневото одлучи да го истури директно во камерата.

Името, Фудбалската социјација (ФА) ќе отвори истрага поради вулгарни коментари кои наводно Мурињо ги изговорил покрај теренот за време на натпреварот против Њукасл.

Иако не може со 100% сигурност да се тврди што Мурињо кажа гледајќи во камерата, медиумите на Островот пренесуваат дека неговите зборови биле: „Еб* се ку**ин сину“.

Познато е дека Мурињо многу пати е остар кон медиумите, па не е ниту чудо и доколку се докаже дека кажал такво нешто. Сега е на ФА да истражува и доколку се докаже, Жозе сигурно би добил одредена санкција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус или Мбапе: Вака повеќе не оди, еден од нив мора да замине!

Реал Мадрид се наоѓа во прилично растурен систем по втората сезона по ред во која не е осв…