Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: На „Олимпико“ се роди нова ѕвезда, ПСЖ покажа класа на „Олд Трафорд“

Видео: На „Олимпико“ се роди нова ѕвезда, ПСЖ покажа класа на „Олд Трафорд“

ПСЖ покажа зошто е еден од главните фаворити за титулата во Лига на шампиони и оствари голема победа на „Олд Трафорд“. Рома ја слави својата ноба ѕвезда, Николо Заниоло.

Манчестер Јунајтед доби „шамар“ од ПСЖ пред своите навивачи. Првото полувреме беше рамноправно и видовме неколку споредични шанси на двете страни, но мрежите мируваа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме на теренот имаше само еден тим. ПСЖ комплетно го надигра Манчестер Јунајтед и само фантастичниот Де Геа спречи дебакл за „црвените ѓаволи.

Резултатот го отвори Кимпембе во 53-та минута откако остана сам на втората статива после еден корнер. Потоа шансите на „светцте“ се редеа како на филмска лента, а со тоа и одбраните на Де Геа.

Во 60-та минута Мбапе конечно успеа да го соблада Де Геа за голема победа од 2:0. До крајот Манчестер остана и со играч помалку откако Погба во 89-та минута заработи втор жолт картон, па сигурно ќе го пропушти реваншот во Париз.

Рома забележа победа од 2:1 против Порто пред своите гледачи, а херој беше младиот Заниоло кој ги постигна првите голови во Лигата на шампиони.

19-годишниот офанзивец погоди во 70-та минута на асистенција на Џеко и го отвори резултатот на „Олимпико“.

Само пет минути подоцна Занило зголеми на 2:0 и покажа зошто станува миленик на „Олимпико“

До крајот Порто успеа да дојде до многу важен гол преку Адриан во 80-та минута, па патникот во следната фаза ќе се решава на „Драгао“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…