Дома Фудбал ВИДЕО: Најдобриот играч во светот е лут на Лопетеги?

ВИДЕО: Најдобриот играч во светот е лут на Лопетеги?

modric

Јулијен Лопетеги поминува низ првата криза откако го превзема мадритски Реал.

Европскиот шампион веќе три натпревари не знае за победа, повеќе од 300 минути се без постигнат гол и освоија само еден бод во натпеварите против Севилја, Атлетик Билбао и ЦСКА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот новинар, Едуардо Инда тврди дека Лука Модриќ е незадоволен од статусот кој го има кај новиот тренер.

„Лука е е многу лут на Лопетеги. Незадоволен од својот статус, честите ротации и минутажата која ја добива“, изјави Инда.

На капитенот на Хрватска му беше потребен одмор после Светското првенство, Лопетеги полека го воведуваше во тимот, но веќе стана правило да го менува на секој натпревар.

„Одигра 90 минути против Еспањол, а во досегашните дерби натпревари беше заменуван. Тоа на Лука сигурно не му мило“.

Ќе потсетиме после натпреварот против ЦСКА кој Реал го загуби, Модриќ излезе со изјава дека атмосферата во соблекувалната не е на потребното ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…