Наполи и Милан одиграа фантастичен натпревар на „Сан Паоло“ со пет погодоци, кој на крајот му припадна на домаќините.
Милан има за што да жали, одлично го отвори натпреварот и дојде до водство во 15-та минута со прекрасниот гол на Бонавентура. Домаќините потоа ја презедоа контролата на топката, но не успеаа да создадат посериозна шанса за гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Второто полувреме започна со нов шок за Наполи. По асистенција на Сусо, Калабрија погоди за 2:0, но само неколку минути подоцна Зиелински ги врати домаќините во живот, откако Биглија загуби топка на својата половина.
Во 67-та минута Наполи дојде до израмнување повторно преку Зиелински кој зафати еден волеј после корнер. Комплетниот пресврт беше дело на Мертенс, кој во 80-та минута го матира Донарума за конечни 3:2.