Кливленд загуби во Милвоки, а изненадувачи победи забележаа Орландо против Сан Антонио, односно Бруклин против Клиперси.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот шампион Кливленд во Милвоки го доживеа третиот пораз во сезоната. Грчкиот репрезентативец Адетокумбо со 34 поени, 12 скокови, две блокади и по пет асистенции и украдени топки го предводеше Милвоки во победата 118:101.
Гркот одлично го надополнија Мајк Бизли и Џабари Паркер кои постигнаа по 18 поени. Леброн Џејмс со 22 и Кајри Ирвинг со 20 поени беа единствените со двоцифрен ефект во редовите на Кливленд.
Резултати:
Шарлот – Детроит 89-112
Бруклин – ЛА клиперс 127-122
Милвоки – Кливленд 118-101
Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 105-88
Сан Антонио – Орландо 83-95
Јута – Хјустон 120-101