Дома Фудбал Италија Видео: Милан не победи пред легендите, Јувентус рутински

Видео: Милан не победи пред легендите, Јувентус рутински

Во попладневните натпревари од Серија А Јувентус оствари лесна победа против Удинезе, додека Милан одигра само 0:0 против Сасуоло.

Милан денес славеше 120-ти роденден и на Сан Сиро имаше плеада на легенди и големи фудбалски имиња, но „росонерите“ не успеаа да освојат три бода.

Домаќините комплетно го надиграа Сасуоло, но не успеаа да го матираат семоќмиот Пеголо. Пред крајот на првото полувреме Тео Хернандез постигна гол, но истиот беше поништен од ВАР поради игра со рака на Кеси.

Во второто полувреме се редеа шансите пред голот на Сасуоло, но немаше голови. Рафаел Леао ја погоди и пречката и стативата, па „росонерите“ немаа среќа да стигнат до победа.

Јувентус очекувано славеше над Удинезе со 3:1. Два гола постигна Кристиано Роналдо и еден Бонучи. Несторовски ги одигра последните пет минути од мечот и асистираше за почесниот гол.

Болоња оствари голема победа над Аталанта со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …