На навивачите на Челзи и Барселона им се вратија сликите од 2009 година…
Точно 75 минути тактичко совршенство, еден момент на невнимание и мајсторија на Андрес Иниеста. Челзи поради само една грешка остана без позитивен резултат, а на фановите на овој клуб им се вратија сеќавањата на онаа кобна ноќна од 2009 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На судијата Том Хенинг Овербо, на еден од најконтроверзните натпревари во фудбалската историја и на истиот тој Иниеста кој беше главен актер во рушењето на Челзи.
Капитенот на Барселона се прикажа себе си во една од најдобрите верзии оваа сезона. Ја укарде топката по грешката на Кристенсен, ја искористи неспремноста на Сеск Фабрегас и задоцнетиот лизгачки старт на Цезар Азпиликуета, а потоа со манири на најголемите фудбалски мајстори испрати одлична асистенција до Лионел Меси.
Добрите познавачи на фудбалот се сеќаваат дека онаа мајска вечер 2009 година Меси и Иниеста исто така беа главни актери, со тоа што улогите беа променети.
Може ли Челзи да се опорави после новиот удар на Иниеста.