Дома Топ вести Видео: Меси го „ископира’ Роналдињо и рушеше рекорди, еврогол на Кутињо, хет-трик на Суарез – Џирона потопена!

Видео: Меси го „ископира’ Роналдињо и рушеше рекорди, еврогол на Кутињо, хет-трик на Суарез – Џирона потопена!

Екипата на Барселона вечерва забележа убедлива победа од 6:1 на домашен терен против Џирона.

Гостите изненадувачки први стигнаа до предност. Уште во третата минута Порту погоди за 0:1, но кратко траеше радоста за гостинскиот клуб, само две минути подоцна Луис Суарез изедначи на 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси кој како и Суарез имаше фантастична вечер во 30 минута во соло акција успеа погоди за 2:1, а само шест минути подоцна со гол од слободен удар во стилот на Роналдињо зголеми на 3:1.

До крајот на полувремето нов гол постигна Суарез и тоа во 44 минута за 4:1 на полувремето.

Meси со двата гола и асистенцијата успеа да собори и два рекорди во Ла Лига. За ова повеќе ТУКА.

Во второто полувреме видовме уште два погодоци. Фелипе Кутињо постигна прекрасен гол во 66 минута, а десет минути подоцна, Суарез стигна до својот трет гол на натпреварот за конечни 6:1.







Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…