Многумина сметаат дека клучот за Реал да слави против Барселона е да се запре Лионел Меси, медиумите во Мадрид сметаат дека еден човек би можел да биде клучен во ова „Eл Класико”.
Лионел Меси и Матео Ковачиќ се целосно различни фудбалери, Матео е фудбалер од средината со одличен преглед на игра и одлична пас игра, Меси пак е офанзивен гениј кој со својот неверојатен дриблинг се извлекува од секоја ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата се одликуваат со гоелма бризна и беспрекорна техника и контрола на топка, Матео е нешто повисок и токму поради тоа ќе биде опасен за Меси и токму тој би можел да биде „тајното“ оружје на Зидан во ова „Ел Класико“.
Ковачиќ е еден од ретките фудбалери на планетата кои можат да го следат Меси, а со правовремен старт би можел лесно да го запре и да одговори на незгодните промени на движењето на Меси.
„Матео Ковачиќ е одличен пример на фудбалер кој не добива доволно заслуги за својата игра, ги извршува нечистите работи за нас, а тоа ретко кој може да го забележи, одлично го држеше Меси под контрола“, го пофали Рамос после првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Уште еден факт кој ја потврдува одличната игра на Ковачиќ во средината на теренот е тоа што кога Хрватот бил во тимот Реал никогаш не загубил во „Ел Класико“, а доколку сакаат да задржат барем малку неизвесност во првенството Зидан и Реал едноставно мораат да победат.
Токму поради сето ова можеме да го очекуваме Матео Ковачиќ во првиот тим на Реал.