Манчестер Сити им се врати на победите и без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Саутемптон.
После двата шокантни порази „граѓаните“ се разбудија и запишаа важна победа пред дербито со Ливерпул, кое може да биде одлучувачко за титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, првиот беше дело на Давид Силва, по што Хојбјерг израмни по една грешка на Зинченко.
Потоа Ворд си постигна автогол, а на неколку секунди пред да се замине на одмор Агуеро ги постави конечните 1:3.
Манчестер Сити со 7 бода негатива ќе го пречека Ливерпул на 3-ти јануари, во натпревар кој може да биде решавачки за титулата.
https://youtu.be/rk03XNn1w4s