Дома Фудбал Англија (Видео) Мане погоди за прва победа на Ливерпул, „лисиците“ сигурни против Брајтон…

(Видео) Мане погоди за прва победа на Ливерпул, „лисиците“ сигурни против Брајтон…

Денес со почеток во 16:00 часот се одиграа пет средби од англиската Премиер лига.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Екипата на Ливерпул запиша минимална победа на домашен терен против Кристал Палас, стрелец на единствениот гол беше Саидо Мане во 71 минута од средбата. Иако тоа не е премногу изразено со конечниот резултат од средбата, „црвените“, апсолутно доминираа на теренот. Одлучувачкиот гол на натпреварот дојде по една грешка во одбраната на гостите.

Лестер после поразот од 4:3 во фантастичното отварање на Премиер лигата запиша победа против новајлијата Брајтон од 2:0, за Брајтон ова беше втор пораз, во првото коло беа поразени од тимот на Манчестер Сити. Стрелци на погодоците за „лисиците“ беа Оказаки во првата минута и Мигуире во 54 минута од средбата.

Во останатите натпревари Вотфорд запиша гостинска победа против Бурнемоут со 0:2, ВБА славеше минимално против Брнли, додека Саутемптон и Вест Хем одиграа реми со резултат 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По сѐ што беше кажано синоќа, Мбапе може да ги спакува куферите и да си замине од Реал Мадрид

Килијан Мбапе е под огромен притисок во Реал Мадрид, а по натпреварот против Еспањол, каде…