Дома Фудбал ВИДЕО: Малку недостасуваше Рома да испушти два гола предност, Ел Шарави ја извади „волчицата“

ВИДЕО: Малку недостасуваше Рома да испушти два гола предност, Ел Шарави ја извади „волчицата“

Фудбалерите на Рома денес на „Олимпико“ во рамките од 20-тото коло од италијанската Серија А славеше победа од 3:2 против Торино.

„Волчицата“ го надигра денешниот противник, но малку недостасуваше повторно да останат без трите бода бидејќи во еден момент испуштија два гола предност.

Првото полувреме донесе одлична игра на домашниот тим, а во 15-тата минута поведоа со голот на младиот Зиноло.

Коларов од пенал зголеми на 2:0 и во тие моменти изгледаше дека Рома е сигурна.

Сепак, Торино се врати во игра во 67-та минута. Погоди Ансалди за 2:2 и натпреварот одново беше отворен. Сепак, Рома во 73-тата минута сепак успеа да стигне до победа. Погоди Стефан Ел Шарави за конечни 3:2.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…