Дома Останати Кошарка Видео: Лилард го сруши шампионот, Дурант броеше до 50, Богдан фантастичен, Дејвис на +40!

Видео: Лилард го сруши шампионот, Дурант броеше до 50, Богдан фантастичен, Дејвис на +40!

nba

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 12 натпревари.

Победата над вечерта ја однесе Портланд и тоа над шампионот Голден Стејт – 123:117.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова беше дуел на две офанзивни ѕверки! На едната страна доминираше Демијан Лилард со 44 поени, осум асистенции и три украдени топки, додека Вориорсите го имаа Кевин Дурант со неверојатни 50 поени, седум скокови и шест асистенции.

На крајот подобра помош имаше страшниот шутер на Портланд. Си Џеј Меколум додаде 29, Јусуф Нуркиќ 17 поени и 13 скокови. Во редовите на шампионите Дрејмонд Грин имаше 16 поени и 12 украдени топки, додека Клеј Томпсон и Стеф Кари запишаа по 17 поени.


Богдан Богдановиќ одигра одлични, но сепак неговиот Сакремнто запиша пораз од Хјустон со 91:100.

Богдановиќ за 30 минути поминати на паркетот постигна 20 поени, подели пет асистенции, запиша четири скока и две украдени топки. Освен Богдановиќ до двоцифрен број на поени стигна Герет Темпл со 13 поени како и Бед Хил, Вили Коли Стајн и Џастин Џексон кои постигнаа по 12 поени.

Џејмс Харден стигна до 28 поени и му недостасуваше еден скок и една асистенција за трипл дабл, потоа следуваа Крис Пол со 19 поени и седум асистенции и Клинт Капел со 13 поени и 11 скокови.

Лос Анџелес Клиперси запиша гостинска победа против Бостон 129:119. Милош Теодосиќ во овој натпревар беше сосема солиден, за 16 минути на паркетот постигна 10 поени и запиша четири асистенции. Најдобар играч во победничкиот тим беше Деандре Џордан со 30 поени и 13 украдени топки, Данило Галиниари го следеше со 20 поени и девет скокови, додека Лу Вилијамс уфрли 19 поени.

На спротивната страна Кајри Ирвинг забележа 33 поени, Хорофорд 20, а Маркус Морис и Тери Роз по 13.

Фантастичен оваа вечер беше и Ентони Дејвис кој во победата на Њу Орлеанс над Лејкерси со резултат 139:117 постигна страшни 42 поени, запиша 15 скокови и подели три асистенции, покрај тоа имаше уште три украдени топки и две блокади!

НБРА резултати

Детроит Атланта 104:98

Орландо – Шарлот 102:104

Филаделфија – Мајами 104:02

Бруклин – Индијана 103:108

Њујорк – Вашингтон 113:118

Бостон – ЛА Клиперси 119:129

Чикаго – Торонто 98:122

Хјустон – Сакраменто 100:91

Мемфис – Оклахома 114:121

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерси 139:117

Јута – Феникс 107:97

Портланд – Голден Стејт 123:117

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Индијана го совлада Њујорк и закажа „мајсторка“ за пласман во конференциското финале

Индијана со 116-103 го совлада Њујорк и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на истокот…