Дома Фудбал (Видео) Лидс победи, Алиоски асистираше со глава!

(Видео) Лидс победи, Алиоски асистираше со глава!

Македонскиот интернационалец, Егзијан Алиоски ја започна својата авантура во англискиот клуб Лидс Јунајтед.

Алиоски и Лидс со победа против Болтон на гостински терен од 2:3 ја отворија сезоната во Чемпиошип, Алиоски не успеа да постигне погодок, но затоа запиша интересна аситенција со глава при постигнувањето на вториот гол за неговиот тим.

Лидс натпреварот го започна убедливо и на полувреме замина со предност од 1:3, но домаќините во вториот дел успеаа да намалат и да ги постават конечните 2:3.

Освен асистенцијата, Алиоски добрата игра од припремните натпревари ја пренесе и во оваа средба, па со право можеме да очекува одлична сезона на македонскиот интернационалец.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седум порази во девет меча: Македонија со тежок биланс во 2026 година

Само три селекции имаат повеќе порази од Македонија во досегашниот дел од годината. Петте …